Наскоро Galaxy Tab S6 ќе биде еден од таблетите со најбрза конекција во светот
На веб-страната на компанијата се појавија информации дека Galaxy Tab S6 5G ќе пристигне наскоро, иако официјалниот датум не беше споделен. Истотака, сеуште не е познато ниту колку ќе чини, ниту со какви спецификации ќе доаѓа, освен 5G конекцијата.
Целта на компанијата позади овој таблет е “да не биде уред само за забава. Треба да биде и продуктивна машина која ќе може да се користи за секојдневни задачи и за работа.” Таблетот ќе има голем дисплеј, прекрасен дизајн и брзи перформанси./gsm.mk