7 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

Huawei ќе го претстави Mate X2 кон крајот на февруари

Најчитани вести

Huawei ги претстави своите претходни два Mate X телефони со флексибилен екран во февруари. Според информациите на изворите, Mate X2 ќе биде објавен во истиот временски период.

Еден дојавувач на Weibo мрежата објави дека флексибилниот телефон ќе биде претставен наскоро, со подобрен дизајн, 5nm чипсет и „нова импресивна технологија“.

Mate X2 најверојатно ќе го покренува 5nm чипсет – Kirin 9000. Телефонот веќе доби TENAA сертификација, која открива 8-инчен екран. Се очекува форматот да биде променет – од свиткување нанадвор кон навнатре.

Повеќе детали ќе дознаеме кон крајот на февруари, кога се очекува да биде објавен флексибилниот Huawei Mate X2.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести