9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Huawei потврди дека на 19. септември ќе го претстави Mate 30

Најчитани вести

Huawei потврди дека неговиот нов модел Мате 30 ќе биде претставен во Минхен на 19. септември на настанот наречен “Rethink Possibilities”.

Во краткото видео на Twitter, кинескиот техно гигант го најави доаѓањето на својот следен паметен телефон.

“Одбројувањето почнува денеска”, објави Huawei.

Иако при претставувањето на новите модели најголем интерес треба да владее за спецификациите на уредот, овој пат речиси сето внимание е насочено на споровите помеѓу Huawei и Google, односно грижата како кинеската компанија ќе функционира без апликациите на Google.

Веќе претходно е најавено дека Huawei ќе се соочи со својата прва блокада при лансирањето на моделот Mate 30, кој нема да има дозвола за апликациите на Google.

Новиот модел и натаму ќе го покренува Android, но Google потврди дека Mate 30 и Mate 30 Pro нема да бидат во можност да ги испорачуваат апликациите на Google. извор: USB.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com