14.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Huawei влегува во автомобилската индустрија?

Најчитани вести

Не е Apple единствениот доволно храбар да ја испроба својата моќ во автомобилската индустрија

Најновите информации велат дека Huawei ќе го следи истиот пат. И не само тоа, кинескиот технолошки гигант, наводно, ги искористил санкциите што му се изречени за да инвестира во автомобилскиот сектор и работи на развој на цел асортиман на автомобили, објави Reuters.

Huawei треба да го претстави првиот модел на производство до крајот на тековната година, а информацијата е потврдена од четири независни извори. Huawei наводно е во разговори со два кинески производители, а идејата е да се понудат исклучиво електрични автомобили.

Едно од споменатите имиња е Changan Automotive, државна компанија која неодамна склучи договор со Ford, според кој ќе го произведува електричниот Mustang Mac-EV за домашниот пазар.

На овие шпекулации реагираa и од Huawei. 

„Huawei не е производител на автомобили. Сепак, преку ИКТ (информатичка и комуникациска технологија), ние сакаме да станеме снабдувач на компоненти, овозможувајќи им на ОЕМ да произведуваат подобри автомобили”, вели портпаролот на компанијата за Reuters.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com