Кинескиот производител Geely, кој веќе го има и на европските пазари, сега го претстави новиот хибриден седан Galaxy Starshine 8 – просторен, напреден модел и со импресивна автономија до 1600 километри. Возилото ќе се нуди во седум нивоа на опременост, по почетна цена од околу 31.500 евра (17.400 долари), што го прави еден од најприступачните модели во својата класа.
Со должина од 5,018 мм, ширина од 1,918 мм и меѓуоскино растојание од речиси 2,93 метри, Starshine 8 е поголем и од Honda Accord, а аеродинамичниот коефициент изнесува само 0.25 Cd.
Две хибридни верзии со импресивна ефикасност Starshine 8 се нуди во две хибридни варијанти: Thor EM-P и Thor EM-i.
*EM-P доаѓа со 1.5-литарски турбомотор од 161 КС и електромотор од 215 КС. Забрзува до 100 км/ч за само 6.49 секунди, има батерија од 18.4 kWh со електричен домет од 130 км и комбинирана потрошувачка од само 3.67 л/100 км.
*EM-i користи 1.5-литарски мотор со 110 КС и електромотор со 211 КС. Потрошувачката се движи околу 3.43 л/100 км, а електричниот домет варира од 60 до 130 км. Забрзувањето до „стотка“ трае помеѓу 7.9 и 8.4 секунди.
Напредна технологија и пространост во кабината
Сите верзии вклучуваат безбедносни системи, автоматско паркирање во 300 сценарија и автономно сопирање до 90 км/ч. Основните модели доаѓаат со нешто поскромна безбедносна опрема.
Внатрешноста е дизајнирана во модерен Т-стил, со 10.2-инчен дигитален инструмент панел и централен 15.4-инчен екран со Flyme Auto систем. Дополнително, достапни се и 25.6-инчен AR-HUD дисплеј, гласовен асистент, OTA ажурирања и безжично полнење. Возилото нуди 30 различни места за складирање и багажник со капацитет од 405 литри.
Galaxy Starshine 8 се позиционира како сериозна алтернатива во сегментот на достапни, но напредни хибридни лимузини, со просторност, ефикасност и технологија на ниво на многу поскапи конкуренти.