Home » Хрватските лекари почнаа подготовки за нов штрајк

Хрватските лекари почнаа подготовки за нов штрајк

by Журнал

Хрватскиот лекарски синдикат (ХЛС) денеска извести дека почнале интензивни подготовки за синдикални акции, вклучително и штрајк, откако ја прозваа владата за прекршување на договорот со хрватските лекари од април 2023 година, како и „обиди за пропаганда“ насочени кон ослабување на позицијата на лекарите.

-Премиерот Андреј Пленковиќ, министерот за здравство Вили Берош и владата ги притискаат хрватските лекари на штрајк, охрабрувајќи ги да побегнат во приватно здравство и да ја напуштат Хрватска, тврди синдикатот.

-Јасно им даваме до знаење на властодршците дека знаеме што прават, зошто го прават, соопштуваат од синдикатот.

Истовремено наведуваат дека јавноста ја рециклира приказната за наводни „огромни плати“ на хрватските лекари за да ги прикаже како алчни и неразумни пред нивните сограѓани и пациенти.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More