Home » Хрватската полиција претепала навивач на Полска – состојбата му е критична!

Хрватската полиција претепала навивач на Полска – состојбата му е критична!

by Lina Muslija

Полицијата имаше многу работа по натпреварот помеѓу селекциите на Хрватска и Полска (1-0) во Лигата на нации одигран пред неколку дена во Осиек, со оглед што беа приведени десетици луѓе поради конфронтации на две локации.

Од полските редови сега пристигнуваат информации дека еден нивни навивач е тешко повреден поради, како што тврдат, прекумерната употреба на сила од полицајците (види ТУКА). Полјаците тврдат дека нивните сонародници биле претепани со палки и солзавец, а еден од навивачите при полициската акција удрил во бетонот и се здобил со повреда на черепот. Оттаму додаваат дека дури по протестот, несреќниот навивач бил пренесен во болница.

Неговата состојба е сериозна, а следните денови ќе бидат клучна за неговото закрепнување, а се вели дека во опасност е и неговиот живот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk