Хрватска (13 бода) со победа вечерва над Ерменија или доколку Велс (11 бода) не ја совлада Турција (група Д), ќе им се придружи на 20-те селекции што веќе си обезбедија пласман на финалиот турнир на Европското првенство (ЕП) 2024 во Германија во фудбал.
По синоќешните мечеви во завршницата на ЕП се пласираа Словенија, Италија и Чешка. Словенија го совлада Казахстан со 2-1 и по втор пат ќе игра на финален турнир. Претходно тоа го направи во 2000 година. За Чешка по триумфот над Молдавија од 3-0, ова ќе биде осмо последователно играње на ЕП.
Украина како домаќин во Леверкузен, Германија, не успеа да го скрши отпорот на Италија (0-0) и да се квалификува на ЕП. Украинците станаа првата селекција, по Северна Ирска во 2010 година, кои ја спречија Италија да постигне гол во квалификациите за ЕП и серијата од 34 натпревари. Но и покрај тоа Украинците „извисија“ од ЕП поради полошата гол разлика од „азурите“, кои се актуелни европски шампиони.
Квалификувани земји за ЕП се: Германија (домаќин), Албанија, Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Англија, Франција, Унгарија, Италија, Холандија, Португалија, Романија, Шкотска, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Швајцарија, Турција
Потврдени за плеј-офот: БиХ, Естонија, Финска, Грузија, Грција, Исланд, Израел, Казахстан, Луксембург, Полска, Украина.