Министерството за надворешни и европски работи денеска ги повика хрватските граѓани да го напуштат Либан, приклучувајќи им се на голем број земји кои претходно ги повикаа своите граѓани веднаш да ја напуштат блискоисточната земја поради очекуваната ескалација на конфликтот со Израел.
САД, Велика Британија, Австралија, Франција, Канада, Јужна Кореја, Саудиска Арабија, Јапонија, Турција и Јордан се меѓу земјите кои веќе ги повикаа своите граѓани да ја напуштат блискоисточната земја.
Во своите повици, САД и Британија им порачаа на своите граѓани да ја напуштат земјата со секој можен лет.
Меѓународната заедница очекува ескалација на досега само спорадичните прекугранични конфликти меѓу Израел и Либан, откако во Техеран беа убиени политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханије, и командантот на Хезболах Фуад Шукр.