Home » Хрватите убедени: Ристовски пред заминување од Динамо и покрај понудата која ја има на маса

Хрватите убедени: Ристовски пред заминување од Динамо и покрај понудата која ја има на маса

by Lina Muslija

Стефан Ристовски ужива примат на еден од најценетите и најсакани фудбалери меѓу навивачите на Динамо, но тренерската смена на „Максимир“ донесе големи неочекувани проблеми околу статусот на десниот бек, кој многу почесто е резерва, отколку стартер под водство на Фабио Канаваро.

Поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација во последно време често беше мета и на хрватските медиуми и фудбалските аналитичари во оваа земја, па кога на сето тоа ќе се собере минутажата од која воопшто не е задоволен, сега првпат се пренесе информација за негово можно заминување.

Ристовски има договор со Динамо до крајот на сезоната, па иако има важечка понуда од клубот за продолжување на соработката, два угледни хрватски медиуми пишуваат дека Ристовски ќе ја одбие истата.

„Германијак“ и „Индекс“ информираат дека Ристовски има понуда за нов договор уште од зимскиот преоден рок, а според истата, треба да заработува доста помалку од тоа што го добива според актуелниот договор.

Поради падот во формата и возраста, Динамо со новите услови му понудил околу 450 илјади евра годишна плата на македонскиот фудбалер, кој досега во Загреб добиваше по 700 илјади годишно.

Според изворите на двата медиуми, проблем за Ристовски во ниту еден момент не претставуваат парите, но во овој момент дефанзивецот не се гледа како дел од идниот проект, особено не со Канаваро како предводник на тимот.

Ако се оди во тек како во последно време, Ристовски ќе стане слободен агент за само неколку месеци, па веќе налето ќе може да направи трансфер во било кој клуб без никаква отштета.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk