Home » Хрвати претепале пријател Србин во неговиот стан, зашто имал православна икона во регалот

Хрвати претепале пријател Србин во неговиот стан, зашто имал православна икона во регалот

by Журнал.мк

Двајца мажи од Хрватска се обвинети за тешки телесни повреди на познаник, Србин, поради омраза, а им се заканува затворска казна до осум години.

Против нив деновиве обвинение поднело и општинското државно обвинителство во Бјеловар. Станува збор за мажи на возраст од 38 и 42 години од Бјеловарско.

Тие се товарат дека ноќта помеѓу 11 и 12 ноември минатата година брутално претепале маж во станот на жртвата во Бјеловар, до тој степен што тој завршил во болница. Како што дознава Даница, на неговата полица во регалот виделе православни икони.

„Тие се товарат дека наведеното кривично дело го сториле во станот на оштетениот, откако виделе одредени верски икони на полицата, поради нетрпеливост кон лица од друга националност.“

Обвинетиот 38-годишник се товари дека повеќе пати со раце и нозе го удирал оштетениот по главата и телото, нарекувајќи го со погрдно име, додека 42-годишниот повеќепати го удирал со нога во рамото.

„Оштетениот се здобил со тешка телесна повреда“, откриваат од државното обвинителство Бјеловар, во кое велат дека обвинителниот акт не е полномошен.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk