Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин денеска славеше во трката за Големата награда на Јапонија, иако условите за возење на птеката беа лоши и таа траеше само 12 круга, наместо планираните 24.
Мартин оствари двојна победа во Јапонија, откако вчера беше најдобар и во спринт-трката, а покрај него на подиумот по денешната битка се најдоа Франческо Бањаја од Дукати и Марк Маркез од Репсол Хонда.
По нив следат Марко Бецеки, Алеш Еспаргаро, Џек Милер, а во топ-10 имаше место и за Аугусто Фернандез, Фабио Ди Џанантонио, Раул Фернандез и Фабио Квартараро.
Во генералниот пласман е прв Бањаја со 319 бодови, по што го следи Мартин со 316, а трет е Бецеки со 265 бода.
Следната трка во Мото ГП шампионатот се вози во Индонезија.
https://x.com/MotoGP/status/1708406400429273541?s=20