Home » Хонорарците од тетовската болница добија ветување дека ќе им се трансформира работниот статус

Хонорарците од тетовската болница добија ветување дека ќе им се трансформира работниот статус

by Журнал.мк

Новиот министер за здравство Азир Алиу денес попладне во Клиничката болница Тетово разговараше со директорот Агим Бериша, а потоа во ходникот од управната зграда имаше и кратка средба со дел од лицата кои се ангажираа со договори на дело, околу тоа како како ќе се реши нивниот работен статус.

Околу 140 луѓе кои работат како лекари, медицински сестри, техничари, болничари, техничка служба и администрација побараа наместо договори на дело да добијат вработување на неопределно време.

„Разговаравме дали ќе се среди нашиот статус за вработување, министерот вети дека ќе има трансформација, во што пократок рок, до предизборниот период, да се среди статусот на сите договорци, без разлика од кој профили се, технички, медицински персонал и администрација. Да има трансформација на договори на решенија, нови договори не потпишавме, наводно договорите ни биле продолжени ние добивме моментално плата за април месец, чекаме сега и за мај, но не знаеме дали ќе ни стигне, изјави Лидија Коруноски, ангажирана во администрација на болницата.

Според министерот Алиу ова била редовна работна средба со директорот, за да се види потребата од инфраструктура во здравственио систем

„Се информирав од директорот за предизвиците кои ги има, за да може што побрзо да решаваме проблеми, што се акутни, а знаете дека здравствениот систем е голем има такви акутни проблеми и ние ќе треба чекор по чекор да најдеме решенија. Исто така имавме средба со вработените тука работиме на решавање на тој проблем, чинам дека за кратко време ќе имаме решение. Работиме на трансформација и по таа трансформација ќе имаме потреба до нови вработувања, бидејќи тие се витален дел од системот не може да функционира, истакна Азир Алиу.

Лицата ангажирани со договори на дело на почетокот на месецот повеќе денови протестираат во кругот на болницата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk