21.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Honor V40 5G претставен со Dimensity 1000+ чип и 50MP камера (ВИДЕО)

Најчитани вести

Honor го претстави својот прв телефон откако компанијата повеќе не е во сопственост на Huawei, а се работи за Honor V40 5G. Уредот користи Dimensity 1000+ чипсет, 50MP главна камера и има поддршка за брзо полнење.

Екранот на V40 5G смартфонот е 6,72 инчен OLED, со закривени страни и издолжен punch-hole отвор за две селфи камери. Панелот поддржува брзина на освежување од 120Hz и има резолуција од 2676 x 1236 пиксели.

На задната страна се наоѓаат три камери – главната камера од 50MP има RYYB 1/1.56″ сензор. Големината на пикселите е 1,0 μm, но со 4-in-1 pixel-binning модот, големината се зголемува до 2μm. Останатите две камери се 8MP ултраширока и 2MP макро. Тука е и ласерскиот автофокус, сместен во порите на LED блицот.

Иако Honor сега е независна компанија, најголемиот дел од телефонот е развиен под сопственоста на Huawei, така што имаме батерија од 4000mAh, која поддржува брзо полнење до 66W. Ова ќе овозможи полнење на батеријата од 0-100 проценти за 35 минути. Безжичното полнење исто така е импресивно и изнесува 50W.

Honor V40 5G доаѓа со Magic UI 4.0 интерфејс, со оперативниот систем Android 10. Не се споменува дали телефонот ќе има поддршка за услугите на Google, бидејќи презентацијата на V40 5Gмоделот се одржа за Кина, каде телефоните во секој случај се испорачуваат без Google сервисите.

Телефонот ќе биде достапен во три бои – Night Black, Titanium Silver, Rose Gold и има две конфигурации на меморија и складирање: 8 GB+128 GB и 8 GB+ 256 GB. Honor V40 5G на кинескиот пазар има цена од околу 556 долари за моделот со 128 GB и околу 620 долари за варијантата со 256 GB.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести