17.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Honor телефон со Snapdragon 888 чипсет пристигнува во јули

Најчитани вести

Според извори од Кина, Honor ќе го претстави својот прв премиум телефон со најмоќниот Snapdragon 888 чипсет на Qualcomm во јули, а тој ќе биде дел од Magic серијата.

Honor на почетокот на јануари ја претстави V40/View 40 серијата, но овој модел беше развиен додека брендот сè уште беше под покровителство на Huawei. Серијата доаѓа со чипот Dimensity 1000+, кој иако брз не е дел од самиот премиум сегмент.

Инсајдерите во индустријата сугерираат дека постојат две главни причини поради кои овој  Honor Magic телефон не може да се појави порано. Сè уште постојат интерни дебати кога станува збор за архитектурата на телефонот и интеграцијата на Qualcomm платформата. Вториот и поголем проблем е тесното грло во производството на чипови – нема доволно произведени Snapdragon 888 чипови за да ги задоволат потребите на сите производители кои сакаат да ја користат оваа платформа во своите телефони.

Honor е посебно погодеа од овој недостиг поради фактот што доцни со нарачката на чипови, па затоа компанијата одлучи да почека до втората половина на годината додека не се подобри состојбата со залихите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести