-1 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

Honor го подготвува V30 5G со две селфи камери

Најчитани вести

Претходно се појавија информации дека Honor го има во подготовка V30 телефонот со 5G поддршка, а најновите протечени вести од Кина ни сугерираат што уште можеме да очекуваме од овој телефон.

Според наводите на инсајдерите, Honor V30 ќе има punch-hole дисплеј (како Honor V20/View 20 моделот), но во отворот овој пат ќе бидат сместени две предни камери.

Екранот има малку закривени рабови, со тоа што рамките од страна и натаму се видливи. Долната рамка делува потенко од претходникот, додека во горниот дел речиси и да нема место за слушалка/микрофон.

Honor вообичаено ја објавува својата V линија подоцна во текот на годината, а се очекува дека телефонот глобално ќе пристигне како View 30. извор: USB.mk

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести