Инженерите и дизајнерите на јапонскиот автомобилски бренд Honda се подготвува за сезоната 2024 INDYCAR и работи на подготовка на својот нов хибриден погон за тркачката серија…
За да дадат навестување за тоа што ни подготвуваат во блиска иднина, тие го ставија својот 2,2-литарски V6 INDYCAR мотор со двоен турбо полнач во CR-V Hybrid моделот.
„CR-V Hybrid Racer е нашата „електрифицирана лабораторија“ за да истражиме каде можат да одат талентираните мажи и жени во HPD и Honda со електрификација, хибридна технологија и 100% обновливи горива“, рекол Дејвид Салтерс, претседател и технички директор за развој. во Honda Performance.
Моќта доаѓа од 2,2 литарски HI23TT V6 мотор, потпомогнат од пар турбо полначи Borg Varner EFR7163, потоа со McLaren Applied Technologies Tag 400i ECU и хибриден мотор Empel MGU со Skeleton Supercapacitors.
Работи на тркачко гориво за кое пак Shell тврди дека е 100 проценти обновливо. Сето ова, велат во Honda покажува дека погонската единица е способна да произведе повеќе од 800 КС (597 kW/811 КС). Предната суспензија е позајмена од Acura NSX GT-3 Evo22, а задната од автомобилот Dallara IR-18 Indy.
Пар предни сопирачки од 380 мм и задна сопирачка на Brembo од 355 мм (позајмени од истите извори) помагаат да се забави и скроти оваа моќна ѕверка на тркала.
CR-V Hybrid Racer е поставена на 20-инчни алуминиумски тркала изработени од 2Elle Engineering. Тие се „обуени“ во летни гуми Firestone Firehawk Indy 500 Ultra-High Performance.
Долната половина од каросеријата е изработена од карбонски композит, а има масивен преден сплитер, браници со отвори, проширени калници, предни врати што со отвораат во стилот на пеперутка и големо задно крило.
Замислен и дизајниран од Honda Performance Development, тимот доби помош за овој проект од Северноамериканскиот оддел за дизајн на Honda и беше изграден во Центарот за развој на Honda во Охајо од страна на Honda of America Racing Team.
Honda CR-V Hybrid Racer ќе го има своето јавно деби на Големата награда на Firestone во Флорида што ќе се одржи деновиве, поточно претстојниот викенд, заедно со петокот, од 3 – ти, до петти март.
А ние се надевеме дека некоја од овие технологии применета кај тркачката верзија ќе најде примена и во „цивилните“ изведби на овој реномиреан производител на автомобили од Јапонија, за секојдневна употреба и возење по јавни сообраќајници.