Home » Honda повлекува повеќе од 330.000 возила поради проблеми со ретровизорите

Honda повлекува повеќе од 330.000 возила поради проблеми со ретровизорите

by Lina Muslija

Honda повлекува повеќе од 330.000 возила бидејќи грејните подлоги зад двата странични ретровизори можеби не се правилно прицврстени, што може да предизвика паѓање на стаклото на ретровизорот и зголемување на ризикот од судар…

Моделите на Honda вклучени во повлекувањето се моделите Odyssey и Passport произведени помеѓу 2020 и 2022 година и моделите Pilot и Ridgeline произведени во 2020 и 2021 година, објави АР.

Како што јави Tanjug, Националната управа за безбедност на сообраќајот на автопатите соопшти дека возилата не ги исполнуваат потребните услови кога станува збор за видливоста зад возилото.

Дилерите на Honda бесплатно ќе ги заменат страничните ретровизори на оштетените возила, а писмата за известување до сопствениците се  испратени овој месец.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk