18.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Honda најави дека до 2040 ќе престане да продава автомобили кои работат на фосилни горива

Најчитани вести

До таа година Honda постепено ќе го зголемува процентот на електрични автомобили

Honda се приклучува на доста други компании од автомобилската индустрија кои најавија од која година планираат да бидат целосно префрлени на продажба само на електрични автомобили, како и автомобили со водородни ќелии.

Од оваа јапонска компанија најавија дека во нивниот случај оваа цел ќе се постигне до 2040, односно 40% до 2030, 80% до 2035.

После оваа година, сите автомобили со брендот Honda ќе бидат или целосно електрични или со водородни ќелии, исто така еколошка алтернатива на сегашните фосилни горива.

Од Honda исто така најавуваат дека имаат во план да до 2050 година нивната компанија, односно работењето биде со нулта емисија на гасови кои предизвикуваат климатски промени.

За разлика од некои производители, Honda во овој момент има доста слаба понуда на електрични автомобили, но затоа може да се каже дека имаат одлична понуда на хибридни автомобили кои сепак се доста поеколошки од „обичните“.

Најавата за плановите на Honda доаѓа од новиот главен извршен директор на компанијата, Тошихиро Мибе кој дојде на оваа позиција овој месец.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести