17.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Honda ги објави комплетните детали за новиот Civic

Најчитани вести

Јапонскиот производител официјално ја претстави новата, 11-та генерација на својот популарен седан Civic кој пристигнува со свежа технологија и нови дизајнерски елементи

Новата Honda Civic ја доживеа својата премиера за американскиот пазар, а јапонската компанија ги објави комплетните детали за новата генерација на својот седан, кој пристигнува со нови технологии, пред се дигиталниот инструмент панел, Bose аудио системот и ревидиран изглед на екстериерот и ентериерот, со што Civic треба да го добие сето она што е неопходно во денешно време за да продолжи да биде еден од најпродаваните модели на Honda.

Во согласност со новата филозофија, но и користењето на дизајнерскиот концепт од претходните генерации на Civic, Honda успеа да дојде до уникатен, но препознатлив дизајн. Формата на новата генерација е поаголна, а благодарение на новиот дизајнерски правец „Man Maximum / Machine Minimum“, ставен е акцент на функционалноста и едноставноста на моделот.

Меѓуосовинското растојание сега е 35 милиметри подолго, додека севкупната должина на возилото е порасната за 33 милиметри. Столбовите на предното стакло сега се поповлечени за да се акцентира должината на предниот дел, а новиот Civic ќе биде достапен во осум бои, од кои три се целосно нови – Meteorite Gray Metallic, Sonic Gray Pearl и Morning Mist Blue Metallic. На задниот дел се наоѓаат широко поставените LED светла, а благодарение на дизајнерското решение, моделот добива поспортски изглед и поголема аеродинамична ефикасност.

Honda Civic

Целосно нов ентериер

Дизајнерите многу поголем труд вложија при стилизирањето на ентериерот. Највпечатливиот аспект е новиот дизајн на централната конозола каде се инкорпорирани отворите за вентилација, со што се добива еден чист, унифициран изглед на кабината. Зависно од нивото на опременост, купувачите ќе добијат 7,0-инчен дигитален инструмент екран со дигитален брзинометар и тахометар на левата и посебен физички брзинометар на десната страна. Кај пониските нивоа на опременост се наоѓа и 7-инчниот екран од инфозабавниот систем кој е поставен на врвот на контролната табла. За разлика од останатите модерни автомобили кои сите контроли ги имаат поставено на централниот екран на допир, Civic и во новата генерација ги задржува физичките контроли за клима уредот, како и командата за звук на аудио системот.

Honda Civic

Во највисокото ниво на опременост, купувачите ќе добијат целосно дигитален инструмент кластер со 10,2-инчен екран, а друштво ќе му прави и 9-инчниот екран од инфозабавниот систем, кој е најголемиот екран некогаш вграден кај било кој модел на Honda. Во ова ниво на опременост купувачите ќе добијат и Bose аудио систем. Материјалите за изработката на ентериерот се избрани со фокус на практичноста, а тоа значи дека материјалите на централната конзола нема да покажуваат отпечатоци, а остатокот е направен од фини елементи со што автомобилот добива премиум чувство.

Honda Civic

Две моторни единици

Honda Civic во LX и Sport нивоата ќе се напојуваат со постоечкиот природно аспириран 2,0-литарски четирицилиндричен мотор кој испорачува 160 КС и 187 Nm максимален вртежен момент, а моќноста преку CVT менувачот се испраќа на предните тркала. Во EX и Touring нивоата Civic добива 1,5-литарски турбо четирицилиндричен мотор со 182 КС и 240 Nm максимален вртежен момент, што е за 6 КС и 20 Nm повеќе отколку кај претходната генерација на Civic. Промените на агрегатот вклучуваат и ревидираното турбо и VTEC за издувните вентили, додека CVT е единствената опција кога станува збор за менувачот.

Со стратешкото користење на високо цврстиот челик и алуминиум, торзионата цврстина е унапредена за 8 проценти, што дава бенефит во возењето, управувањето и безбедноста. Кога станува збор за безбедноста, Civic прв во светот добива воздушни перничиња кои се дизајнирани да го намалат оштетувањето на мозокот со подобро контролирање на главата при одредени судири.

Секако, новиот Honda Civic пристигнува и со унапредениот Honda Sensing безбедносен пакет кој има единечна камера и осум сонарни сензори. Меѓу системите и асистенциите сега се вклучени и Traffic Jam асистенцијата, контрола за сопирање при ниски брзини и предна и задна превенција за False-Start. Унапредувањата вклучуваат попридоно сопирање отколку кај адаптивниот темпомат и полинеарно управување од асистенцијата за одржување на коловозната лента.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести