Познатиот синџир за облека, H&M, наскоро ќе отвори првата продавница во Македонија, соопштија од компанијата.
„H&M Hennes & Mauritz AB (H&M) меѓународниот синџир на продавници, познат по одржлива мода и квалитет по најдобра цена, е подготвен да ја отвори својата прва продавница во Скопје, Северна Македонија ова лето 2022 година“, се вели во соопштението.
Долгоочекуваното отворање на продавница од 2.300 m² ќе биде во популарната шопинг дестинација East Gate Mall во Скопје.
„Многу сме среќни што ја отвораме првата продавница на H&M во Северна Македонија. Верувам дека ќе биде омилена модна дестинација за сите оние кои сакаат да изгледаат и да се чувствуваат добро“, изјави Мина Карлберг, менаџер за продажба на H&M Грција, одговорна за пазарите во Грција, Кипар, Бугарија, Хрватска, Србија, Грузија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија.
Продавницата H&M во Скопје ќе понуди широк избор на производи по најновите трендови, како и безвременски класици, кои ќе бидат инспирација за клиентите да го креираат својот личен стил.