Home » Хипотироидизмот влијае и на начинот на згрутчување на крвта: Како влијае на менструалниот циклус и можноста за зачнување?

Хипотироидизмот влијае и на начинот на згрутчување на крвта: Како влијае на менструалниот циклус и можноста за зачнување?

by Lina Muslija

Нормалниот менструален циклус трае 28 дена, но лекарите додаваат дека пократките или подолгите циклуси, од 21 до 35 дена, не се причина за загриженост.

Хипотироидизам е состојба во која тироидната жлезда не лачи доволно количество хормони. Тироидната жлезда произведува тријодотиронин Т3 и тироксин Т4, кои имаат бројни функции – го регулираат метаболизмот, температурата на телото, му ја даваат потребната енергија на телото, ја контролираат работата на кардиоваскуларниот систем, развојот на функциите на мозокот и влијаат на речиси секој дел од телото. Кога функцијата на тироидната жлезда слабее, нејзината работа е послаба, повеќето луѓе се чувствуваат уморни, доаѓа до неочекувано зголемување на телесната тежина, промени во расположението и промени во менструалниот циклус.

Зошто се јавуваат проблеми со циклусот кај жени со хипотироидизам?

Некои жени имаат обилно крварење, додека некои имаат неправилни циклуси или дури и целосно отсуство на менструација. Овие менструални симптоми може да се појават и пред дијагнозата на хипотироидизам, објаснуваат експертите.

Поради неправилно функционирање на хормонот на тироидната жлезда, доаѓа до намалување на лачењето на гонадотропин-ослободувачки хормон, кој е неопходен за правилно функционирање на јајниците. Експертите тврдат дека тешките форми на хипотироидизам во повеќето случаи доведуваат и до промени во менструалниот циклус. Студијата од 1993 година објави дека 68 проценти од пациентите со хипотироид имаат неправилни менструални циклуси. Нешто подоцнежна студија од 1997 година тврди дека 40 проценти од жените со намалена функција на тироидната жлезда го имаат овој проблем.

Неправилни менструации и хипотироидизам

Повеќето жени со хипотироидизам се жалат на неправилни менструации. Нормалниот менструален циклус трае 28 дена, но лекарите додаваат дека малку пократки или подолги циклуси од 21 до 35 дена – не се причина за загриженост. Пациентите со хипотироидизам имаат проблем со следење на нивниот циклус и никогаш не се сигурни кога може да го очекуваат менструацијата.

Неправилните циклуси кај жени со намалена функција на тироидната жлезда често се резултат на зголемениот ефект на тиротропин, кој го стимулира лачењето на пролактин, што влијае на производството на естроген во јајниците и на крајот влијае на регуларноста на менструалниот циклус.

Отсуство на менструација или обилно крварење

Во некои случаи, хипотироидизмот може да доведе до разредување на поставата на матката и отсуство на менструација. Ако жената нема менструација три месеци по ред, таа состојба се нарекува аменореа (отсуство на менструација).

Од друга страна, некои жени со хипотироидизам се соочуваат со обилно менструално крварење. Недоволно количество на тироиден хормон може да доведе до промени во начинот на згрутчување на крвта и тешко крварење. Можно е слузницата на матката (ендометриумот) да се згусне.

Гинеколозите собрани во здружението на Американскиот колеџ за акушери и гинеколози сметаат дека менструацијата е обилна ако крварењето непрекинато трае повеќе од седум дена, кога влошката или тампонот се натопени во рок од еден до два часа, со големи згрутчувања на крвта. Влошките треба да се менуваат во текот на ноќта, количината на крв е повеќе од 100 ml по циклус.

Како се лекува хипотироидизмот?
Лекот левотироксин е стандардна терапија за хипотироидизам. Тоа е синтетички тироиден хормон, кој има ист ефект како и природните тироидни хормони. Се користи како компензација за недостаток на тироидни хормони и/или негово подобро функционирање. Овој лек може да помогне да се балансираат хормоните и да се воспостават редовни менструални циклуси.

Во некои случаи, намалената функција на тироидната жлезда може да го отежне зачнувањето, да го зголеми нивото на пролактин и да ја спречи овулацијата. Лекарите велат дека сите ризици во голема мера можат да се спречат доколку болеста навреме се препознае и што побрзо започне лекувањето.Бремената жена со хипотироидизам е изложена на поголем ризик од прееклампсија, спонтан абортус или предвремено породување. Можно е детето да има намалена телесна тежина, забрзано чукање на срцето, проблеми со развојот на мозокот. Сите овие сериозни проблеми, сепак, може да се спречат со соодветна терапија. Експертите привлекуваат внимание на фактот дека речиси 5 отсто од светската популација боледува од хипотироидизам, а заболените се претежно жени на возраст меѓу 35 и 50 години.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk