Home » Хигиеничарка правела интервјуа за бугарско државјанство во козулатот во Битола

Хигиеничарка правела интервјуа за бугарско државјанство во козулатот во Битола

by Журнал.мк

Хигиеничарка правела интервјуа за бугарско државјанство во нашиот конзулат во Битола, соопшти в.д. премиерот и министер за надворешни работи на Бугарија Димитар Главчев, пренесува БНР. По пријава за прекршоци во конзулатот, извршен е увид со кој е констатирана повреда од страна на вработената хигиеничарка, како и во однос на кол центарот кој закажувал за бугарско државјанство, пренесе 24инфо.

„Шефот на Генералниот конзулат во Битола и ја прекинал дејноста на Весна Котевска, хигиеничарката. По увид на Инспекторатот, вработената повеќе нема пристап до архивата и дејноста на конзуларната служба на претставништво“.

Ова не е единствената повреда констатирана при увидот. Главчев пријавил и за телефонски центар што го одржувала македонска компанија која обезбедувала услуги за закажување во конзулатот во Битола и во бугарската амбасада во Скопје.

„На овој начин, правно лице со нејасна сопственост доби можност да ги дознае, систематизира и архивира личните податоци на десетици илјади лица кои низ годините аплицирале за бугарско државјанство и секаков друг вид на конзуларни услуги. Телефонскиот број на кол центарот е импулсен, а цената на повиците не е објавена и има нејасна вредност за корисникот и за вработените во генералниот конзулат во Битола“. Договорот со компанијата е раскинат, увери бугарскиот премиер.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More