Home » Хичкок ја добил инспирацијата за „Птици“ од напис во весник

Хичкок ја добил инспирацијата за „Птици“ од напис во весник

by Журнал

Култниот филм на Алфред Хичкок, „Птици“, драма со елементи на хорор од 1963 година, е слободна адаптација на истоимениот расказ на британската писателка и драматург Дафне ду Морие, чија проза првпат беше објавена во 1952 година во авторската збирка „Јаболкницата“. Во оригиналната приказна, птиците ја напаѓаат Велика Британија, а не Калифорнија. Хичкок ја добил инспирацијата за филмот од написот во калифорнискиот весник „Сентинел“, објавен на 18 август 1961 година, во кој пишувало дека птиците во Санта Круз покажуваат чудно, па дури и агресивно однесување.

Чудни работи се случуваат на пат кон заливот Бодега

Во 1964 година, „Птици“ беше номиниран за „оскар“ во категоријата најдобри визуелни ефекти. Очевидецот Мич Бренер (Род Тејлор) е адвокат од Сан Франциско што случајно ја запознава Мелани Даниелс (Типи Хедрен) во градска продавница за миленичиња. Додека тој бара птици за да ѝ ги подари на својата сестра, Мелани, позната по своето неконвенционално однесување, се преправа дека е продавачка и намерно му покажува погрешни птици. Местото каде што ќе отпатуваат е крајбрежниот град Бодега Беј, каде што Мич живее со својата мајка Лидија (Џесика Тенди) и помладата сестра во семејната куќа. И покрај скептицизмот на неговата посесивна мајка, Мич развива сè поинтимна врска со Мелани, но во исто време сѐ почести се необјаснивите напади на птици врз луѓето.

Чудни работи ќе почнат да се случуваат уште на пат кон заливот Бодега, бидејќи купените канаринци во кафезот ќе почнат да се однесуваат чудно, а за време на возењето галеб ќе ја нападне и ќе ја повреди Мелани. Кратко потоа, големо јато агресивни чавки ќе ги нападне децата пред училиштето, по што ќе следува напад на диви галеби. И тоа ќе биде само почеток на агресијата на птиците против жителите на заливот Бодега. Во текот на следните денови продолжуваат нападите на птици и сите жители се затвораат во своите куќи. Еден од потешките напади е кога сестрата на Бренер е на училиште. Пред училиштето почнуваат да се собираат птици и штом децата излегуваат од училиштето птиците почнуваат да напаѓаат. На крајот, децата успеваат да се скријат во затворен простор и да го избегнат нападот на птиците. Друг голем инцидент се случува на роденденот на сестрата на Бренер, Кети, кога птиците ги напаѓаат децата и ја прекинуваат забавата. За време на нападот, се случува и ужасната смрт на локален фармер кога птиците го пробиваат прозорското стакло и го убиваат фармерот вадејќи му ги очите. По неколкудневно криење и вознемиреност, птиците наеднаш се смируваат. Мич полека излегува од куќата и птиците не го напаѓаат. Влегува во својата гаража, го пали автомобилот и се вози заедно со мајка му, сестра му и Мелани, а птиците се мирни и не напаѓаат никого.

Требало да се користат механички птици за бруталните сцени

За време на снимањето, Типи Хедрен била информирана дека ќе се користат механички птици за бруталните сцени со напад на птици, но за време на снимањето биле користени живи птици за напад на актерите. Кога една птица за малку ќе ѝ го ископала окото на Типи Хедрен, таа станала хистерична, се онесвестила и имала кошмари една недела по настанот.
Филмот „Птици“ дебитираше на престижниот Филмски фестивал во Кан, а на премиерата присуствуваа Хичкок и Типи Хедрен. Филмот беше номиниран и за „оскар“ во категоријата најдобри специјални ефекти, но загуби од филмот „Клеопатра“. Но Типи Хедрен го освои „златниот глобус“ за нова ѕвезда на годината. Бенгалското здружение му го додели на филмот првото место како најдобар странски филм, а на Хичкок наградата за најдобар режисер.
Како и во сите негови филмови, режисерот Алфред Хичкок има кратко појавување во филмот. Во овој филм, Хичкок може да се види со две бели кучиња како ја напушта продавницата за миленичиња, каде што се запознаваат Мич и Мелани.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More