Home » Хезболах: Во регионот нема место за Израел

Хезболах: Во регионот нема место за Израел

by Журнал.мк

Хезболах преку соопштение се осврна на првата годишнина од нападот на Хамас врз Израел, во кое уште еднаш ја изрази својата верба во нивната способност да ја „одбие израелската агресија“ и вети дека ќе ја продолжи борбата.

Вооружената група, чие седиште е во Либан, е сојузник со Хамас, а двете милитантни организации се поддржани и финансирани од Иран.

Хезболах ги опиша настаните од 7 октомври како „херојски“, истакнувајќи дека тие ќе имаат „историски“ ефекти во регионот.

Движењето во соопштението додаде дека за Израел „нема место“ во регионот и дека тој „мора да биде отстранет, без разлика колку време е потребно“.

Тоа ги обвини „САД и нивните сојузници“ за насилството во Газа и Либан, што следеше по нападите на Хамас.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk