Home » Хеликоптери го гасат пожарот во охридско

Хеликоптери го гасат пожарот во охридско

by Журнал.мк

Со два хеликоптери еден на македонската полиција и еден српски од утрово продолжува да се гаси пожарот кај Охрид. Денеска се дејствува од воздух на пожарот помеѓу охридските села Косел и Опеница кој беснее веќе петти ден.

Во текот на вчерашниот ден само хеликоптерот на МВР исфрлил 43 тони вода врз пожарот, а во гаснењето покрај уште еден хеликоптер дејствуваа и специјалните авиони “ер трактор”. кои полнеа вода од Охридското Езеро, во обид да се спречи ширењето на пожарите во регионот.

Градоначалникот Пецаков најави дека пожарот кај Косел е пред елиминација благодарение на преземените интензивни активности за гаснење од земја и воздух.
Припадници на Противпожарната единица, Национални шуми, НП Галичица, на јавните претпријатија, локално население и доброволци на терен се борат да го локализираат огнот и да се спречи негово ширење.

Инаку пожарот зафати голема површина, високо квалитетна дабова и борова шума.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More