Home » Хеликоптер ја пренесе до Клиничкиот центар во Скопје

Хеликоптер ја пренесе до Клиничкиот центар во Скопје

by Журнал.мк

Австријка која се повредила скијајќи на Попова Шапка, попладнево е извлечена со хеликоптер на МВР до Клиничкиот центар во Скопје, информираше Центарот за управување со кризи.

„На Единствениот повикувачки број за итни повици 112 во ЦУК во 14:20 часот волонтер од Охридска спасителна служба, којшто е и водич на туристичка група – скијачи од странство, пријави дека туристка од Австрија при пад во слободно скијање кај месноста „Орлов камен“ на Попова Шапка се здобила со повреда на ребрата. Заради сериозноста на повредата, а и други здравствени специфичности, не била во можност да се движи. Побаран бил хеликоптер за спасување за транспорт до болница“, соопштија од ЦУК.

При комуникацијата на спасителите со повредената, таа информирала дека претходно имала операција на рбетниот столб и на него имала вградена метална шипка со штрафови. На местото на настанот има пристигнато ратрак и луѓе за поддршка, но состојбата на повредената и комуникацијата со нејзе, индицирала дека транспортот со ратрак заради проблемот со ’рбетот од минатото, како и сегашната дополнителна повреда, би довел до поголеми компликации. Заради специфичноста на итниот случај за повредената бил побаран транспорт со хеликоптер од местото на настанот до болница во Скопје.

Хеликоптерската единица на МВР одговорила веднаш на барањето за интервенција и ја донеле жената во Скопје. Од почетокот на спасителната акција и е пружена прва помош, адекватно била покриена со фолија за да и се зачува топлината и се наоѓала во добра општа здравствена состојба, соопшти ЦУК.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More