Home » ХБО ќе му плати 3 милиони евра на Милош Биковиќ по исфрлањето, а тој реши што ќе парви со нив

ХБО ќе му плати 3 милиони евра на Милош Биковиќ по исфрлањето, а тој реши што ќе парви со нив

by Журнал

Откако српскиот актер Милош Биковиќ беше исфрлен од третата сезона на серијата White Lotus, се наметна прашањето што ќе биде со неговиот очекуван хонорар. Иако нема да има соработка, на Биковиќ ќе му биде исплатен хонорарот во целост.

Ликот што требаше да го игра Милош Биковиќ требаше да биде во шест од вкупно осум епизоди од новата сезона на оваа ТВ серија.

Сепак, сите приходи од хонорарите Милош Биковиќ најави дека ќе ги даде во хуманитарни цели.

-Како што кажав претходно, за мене беше извонредна чест што бев поканет да работам со Мајк Вајт во ваква серија. Мојот мотив за учество во ваков проект беше чисто актерски и уметнички предизвик. Бидејќи тоа нема да се оствари, сакам хонорарот што ќе го имам, парите што ги заработам, ќе ги насочам кон оние што утре ќе не претставуваат во светот“, изјави Биковиќ за „Блиц“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk