Home » Харви Вајнстајн го тужи градот Њујорк: „Во затворот живее во нечистотија и студенило“

Харви Вајнстајн го тужи градот Њујорк: „Во затворот живее во нечистотија и студенило“

by Lina Muslija

Озлогласениот холивудски продуцент Харви Вајнстајн поднесе тужба против градот Њујорк, обвинувајќи ги властите за негрижа и необезбедување соодветна медицинска нега. Неговите адвокати тврдат дека продуцентот, кој се наоѓа во затворот на островот „Riker Island“, добива супстандардна медицинска нега и се лекува во нехигиенски услови, пренесува АП.

Адвокатите го потенцираа студот и недостигот на чиста облека

Адвокатите на Вајнстајн тврдат дека затворот не обезбедува соодветна грижа за неговото нарушено здравје, кое се влошило. Продуцентот боледува од дијабетес и хронична миелоидна леукемија, а според тврдењата на неговиот тим тој живее во исклучително тешки услови. Особено го потенцираа студот и недостигот на чиста облека.

 

 

 

„Во текот на мојата последна посета, тој беше облечен во крвава затворска облека, веројатно поради инфузијата, а која не беше измиена со недели. Не му обезбедија ниту чиста долна облека – таквите услови тешко може да се наречат санитарни за лице со сериозни здравствени проблеми“, изјави неговиот адвокат Имран Х. Ансари, кој условите во затворот ги спореди со гулаг.

 

 

 

Тие бараат отштета од 5 милиони долари

Ансари ја обвини затворската управа за „медицинска небрежност“ и ја опиша ситуацијата како „сурово и невообичаено казнување“. Тој додаде: „Занемарувањето на медицинските потреби на г. Вајнстајн илустрира зошто островот „Riker Island“ е под лупа на јавноста и официјалните лица како и предмет на федерална истрага. Ние не живееме во општество каде што затворениците како е г. Вајнстајн треба да бидат подложени на таков груб третман и игнорирање на нивните медицински потреби“. Адвокатскиот тим на Вајнстајн бара отштета од 5 милиони долари.

 

 

 

Оваа година продуцентот неколку пати заврши во болница – во април и јули, а според неговиот тим, тој се лекувал од дијабетес, висок крвен притисок, спинална стеноза, како последица од коронавирусот и акумулацијата на течностите во срцето и белите дробови.

Прогласен е за виновен за силување, судот ја отфрли пресудата

Вајнстајн, кој негираше дека имал какви било сексуални односи без согласност од другата страна, прогласен е за виновен за силување во февруари 2020 година во случајот кој го поттикна движењето „#MeToo“.

 

 

 

Апелациониот суд во Њујорк ја отфрли пресудата во април, утврдувајќи дека Вајнстајн не добил праведно судење бидејќи судијата неправилно дозволил сведочење на луѓе за кои продуцентот не бил обвинет дека ги нападнал, па сега Вајнстајн го очекува повторувањето на судењето.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk