Со ова, Камала Харис и официјално го призна поразот на изборите, пред да го има своето прво обраќање до нацијата по објавата на изборните резултати.
Актуелната потпретседателка на САД и претседателска кандидатка на демократите, Камала Харис, во телефонски разговор му ја честита изборната победа на својот противкандидат од редовите на републиканците, Доналд Трамп.
Резултатите од изборите во САД денеска се следат ширум светот / Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT
Во изјава за Ен-би-си њуз, висок помошник на Харис рекол дека во телефонскиот разговор со Трамп таа разговарала за важноста од мирен трансфер на власта.
Му порачала да биде претседател на сите Американци.
Со ова, Камала Харис и официјално го призна поразот на изборите, пред да го има своето прво обраќање до нацијата по објавата на изборните резултати.
Според најновите проекции републиканскиот кандидат Доналд Трамп досега има освоено 291 електорски глас, од 270 што му се потребни за да стане претседател, додека Харис има 223.