Home » Хаос во српското Собрание, пратеници фрлаа тоалетна хартија, удираа по клупи

Хаос во српското Собрание, пратеници фрлаа тоалетна хартија, удираа по клупи

by Журнал.мк

Српските опозиционери вчера уште еднаш направија хаос за време на седницата на Народното собрание на Србија.

Кога Ана Брнабиќ беше избрана за претседател на Собранието, таа им се заблагодари на пратениците кои и ја покажаа довербата, по што премина на следната точка од дневниот ред – избор на потпретседател.

„Да им објаснам на граѓаните на Република Србија да разберат зошто Собранието изгледа како што изгледа. Консултациите трае три дена, никој од опозицијата не се појави“, рече претседателката на Собранието Ана. Брнабиќ и додаде:

„Се појави дел од опозицијата. Сите предлози на опозицијата беа испочитувани. Само да покажавте почит, но не, вашата единствена цел е да создадете циркус. Дали бевте заинтересирани за консултации за потпретседателските позиции? Дали бевте во просторијата кога ја започнавме оваа точка од дневниот ред? Не сте, па врз основа на овие две премиси, дискусијата на таа тема е завршена. Да ве интересираше потпретседателската функција ќе се појавивте на консултации“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk