Home » Хаос во Советот на Кочани: Правничка удрена со шише среде седница – интервенираше полицијата

Хаос во Советот на Кочани: Правничка удрена со шише среде седница – интервенираше полицијата

by Журнал.мк

Напната атмосфера на денешната 65. седница на Советот на Општина Кочани заврши со шокантен инцидент – општинската правничка Ана Кралева била удрена со шише во глава, откако расправија меѓу советници за малку не прераснала во физичка пресметка.

Се започнало со вербален судир меѓу советникот Аки Акиов и координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Мирче Стојков. Според присутните, тензиите брзо ескалирале, а во еден момент, меѓу кавгата, било фрлено шише што ја погодило Кралева.

На местото веднаш пристигнала екипа од МВР, а сите инволвирани се повикани во полициска станица да дадат изјави. Засега не е познато кој го фрлил шишето, ниту дали ќе следуваат кривични пријави.

Настанот, кој беше сниман, дополнително ја засили загриженоста за тоа колку е нарушена политичката култура во институциите. Од Општината се уште нема официјална реакција, а јавноста бара одговорност за насилството во една од најважните демократски установи во локалната власт.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk