Французите пред неколку дена се „извадија“ за непријатниот домашен пораз од Италија, а со головите на Рандал Коло Муани (26) и Усман Дембеле (57) ги победија Белгијците во Лигата на Нации во 2. коло. Незадоволството од настапот на својата репрезентација го искажа и Кевин де Брујне, кој, според белгиските медиуми се заканил дека ќе ја напушти репрезентацијата.
Офанзивниот играч за врска на Манчестер Сити му го соопштил ова на репрезентацијата Франк Веркаутерен.
Де Брујне го изрази своето незадоволство и пред белгиските медиуми по поразот од Франција.
„Франција беше подобра, и нема што многу да се зборува“, рече видно исфрустрираниот капитен и додаде:
„Игравме со шест во одбрана. Немаше никаква врска меѓу редовите. Моравме да играме подобро во вториот дел. Бевме назад. Некои играчи не си ја завршија работата. Реков во соблекувалната што треба да поправиме. Ако не можете да играте против најдобрите, тогаш не сте доволно добри. Мора да дадете се од себе на теренот, а некои од нашиот тим не го прават тоа. Можам да прифатам дека не сме толку добри како Французите. Но, овие други работи се неприфатливи. Сега нема да плачам. Имам 33 години и повеќе не го правам тоа“, рече Де Брујне.