Навивачите на Макаби од Тел Авив беа нападнати во Амстердам, не од симпатизери на Ајакс против кого играа во фудбалската Лига Европа, туку од Палестинци и други Арапи.
На социјалните мрежи се појавија снимки како се нападнати навивачи на Макаби додека заминуваат од стадионот. Израелскиот министер за надворешни работи, Сар, изјави дека биле повредени 10-мина израелски државјани и ги советуваше сите кои се во Амстердам да останат во своите хотели.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху веднаш нареди да се испратат спасувачки авиони за нивните граѓани во Холандија.