Home » Хаос на луксузен италијански остров: Туристите беа избркани поради недостиг на вода

Хаос на луксузен италијански остров: Туристите беа избркани поради недостиг на вода

by Журнал.мк

Италијанскиот остров Капри во саботата го забрани пристигнувањето на туристи поради недостиг на вода предизвикан од проблеми со снабдувањето од копното.

Градоначалникот на Капри, Паоло Фолко, ја прогласи забраната во седум часот наутро, поради што неколку фериботи веќе на пат кон островот мораа да се вратат назад.

Компанијата одговорна за снабдување на островот со вода објави дека во четвртокот доживеала технички тешкотии, а иако подоцна објави дека е решено, Капри сè уште е без вода.

За време на објавувањето на забраната, Фалко предупреди на „навистина вонредна ситуација“, велејќи дека иако во петокот имало малку вода на островот, акумулациите се празни.

„Ситуацијата се влошува со илјадници туристи кои доаѓаат во Капри секој ден“, рече тој.

Жителите на тој остров во близина на Неапол имаат право на 25 литри вода за пиење по домаќинство, најави градоначалникот.

Забраната за пристигнување на туристи ќе остане на сила до понатамошно известување, додаде тој.

Капри, островот познат по белите вили, заливите и врвните хотели, има околу 13 илјади жители.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More