25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Ханкок: Вакцината на Оксфорд и АстраЗенека е триумф на британската наука

Најчитани вести

Британскиот министер за здравство Мат Хенкок денеска изјави дека вакцината против Ковид-19 на Универзитетот Оксфорд и фармацевтската компанија АстраЗенека е триумф на британската наука.

– Имаме многу позитивна вест утрово, почна вакцинирањето со оксфордската вакцина. Ние сме таму каде што сме сега, триумф за британската наука, изјави Ханкок.

Првата вакцина на Универзитетот Оксфорд и АстраЗенека ја прими 82-годишен пенизиониран менаџер Брајан Пинкар.

Во Велика Британија од денеска почна да се користи вакцината против Ковид-19 на фармацевтската компанија АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд.

Вкупно 530.000 дози од вакцината досега се дистрибуирани во шест англиски болници. Британската Влада најави дека во рок од неколку месеци ќе бидат испорачани десетици милиони дози.

Минатиот месец Велика Британија, прва земја во светот, почна со употреба на вакционата на Фајзер и БиоНтек, која мора да се чува на многу ниска температура. Досега таа вакцина ја примиле околу еден милион Британци.

Вакцината Оксфорд/АстраЗенека е поевтина и може да се чува во фрижидер, па поради тоа полесно се транспортира и користи.

Изминатите четири недели во Велика Британија регистриран е значителен пораст на бројот на новозаболени. Вчера се пријавени 55.000 инфицирани луѓе со Ковид-19. Вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е над 75.000 луѓе, со што Велика Британија е на второ место во Европа по починати лица од последици од Ковид-19.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести