Home » Хамас: Предлог за прекин на огнот во три фази

Хамас: Предлог за прекин на огнот во три фази

by Журнал.мк

Египетско-катарскиот предлог за прекин на огнот во Појасот Газа со кој се согласи палестинската милитантна група Хамас вклучува три фази, од кои едната е постојан прекин на огнот, рече заменик-претседателот на Хамас, Калил Ал-Хаија, додавајќи дека посредниците објавија дека Американскиот претседател Џозеф Бајден лично се заложи за спроведување на договорот за прекин на огнот, пренесува Ал Џезира.

Според предлогот, секоја од трите фази би траела 42 дена: примирјето би започнало во првата фаза, што би вклучувало повлекување на израелските сили од коридорот Нецарим, кој Израел го користи за поделба на Појасот Газа на север и југ.

За време на првата фаза, раселените Палестинци ќе се вратат во своите домови, ќе им биде дозволено да тече помош, гориво и материјали за помош на цивилите, а за секоја затвореничка ослободена од Хамас, Израел ќе ослободи 50 палестински затвореници.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More