Хамас ги осуди изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп кој рече: „Решен сум да го купам и поседувам Појасот Газа“, известува Анадолу.
Во писменото соопштение што го објави Изет ал Ришк, член на Политичкото биро на Хамас, се вели:
„Ги осудуваме апсурдните изјави на Трамп за купување и поседување на Газа. Овие изјави одразуваат длабоко непознавање за Палестина и регионот“.
Во соопштението се нагласува дека Газа не е недвижен имот за купување и продавање и дека Појасот Газа е нераскинлив дел од палестинската територија.
Изет ал Ришк во соопштението наведе дека третирањето на палестинската кауза со „менталитет на трговец агент за недвижности“ би било „разочарувачки“, и додаде:
„Палестинскиот народ ќе ги попречи плановите за раселување и депортација. Газа му припаѓа на нејзиниот народ кој нема да оди никаде освен во градовите и селата окупирани во 1948 година“.
Изјавувајќи дека САД ќе ја поседуваат Газа и ќе ја изградат преку други богати земји од регионот на Блискиот Исток, американскиот претседател Доналд Трамп истакна: „Решен сум да ја купам и поседувам Газа“.