Home » Хамас го отфрли новиот предлог за ослободувањето на заложниците, го обвинуваат Нетанјаху: „Тој поставува нови услови“

Хамас го отфрли новиот предлог за ослободувањето на заложниците, го обвинуваат Нетанјаху: „Тој поставува нови услови“

by Журнал.мк

Палестинската група Хамас го отфрли најновиот предлог за решавањето на прашањето за заложниците, за коишто беше разговарано овој викенд во Доха, и го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека поставува нови пречки во преговорите и постигнувањето на договор.

Палестинската милитантна група во соопштение наведе дека Нетанјаху „поставува нови услови и барања“, со цел да ги саботира преговорите и да ја продолжи војната во Газа, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Во соопштението на Хамас се наведува дека најновиот предлог којшто го поддржуваат САД, е во согласнсот со барањата на Израел и укажуваат на инсистирањето на израелската војска да остане во Филаделфискиот коридор – на граничниот премин „Рафа“ којшто се наоѓа помеѓу појасот Газа и Египет како и на коридорот „Нецарим“.

Хамас исто така го обвинува Нетанјаху дека поставува нови услови за ослободување на заложниците. „Нетанјаху е потполно одговорен за саботирањето на напорите на посредниците како и за опструкциите во постигнувањето на договор“, стои во соопштението на Хамас, и додаваат дека израелскиот премиер е оној којшто е одговорен за животите на заложниците.

Од друга страна пак Нетанјаху во недела повика на „префрлување на притисокот врз Хамас“ и го осуди нивното „тврдоглаво одбивање“ на договорот за ослободување на заложниците и постигнување на примирје во појасот Газа.

„Хамас продолжува да го одбива постигнувањето на договор, и не ни испрати свој претставник на преговорите во Доха. Затоа притисокот треба да се насочи спрема Хамас и Синвар (политичкиот водач на Хамас), а не спрема израелската влада“, изјави Нетанјаху.

„Силниот воен притисок како и силниот дипломатски притисок се единствен начин да се ослободат нашите заложици“, додаде Нетанјаху.

Инаку, Нетанјаху денес во Ерусалим ќе има средба со американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, којшто од почетокот на војната во Газа по деветти пат доаѓа во Израел во обид да се постигне примирје и ослободување на заложниците.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More