Home » Хамас до семејствата на убиените израелски заложници: „Сакавме вашите синови да се вратат живи“

Хамас до семејствата на убиените израелски заложници: „Сакавме вашите синови да се вратат живи“

by Журнал.мк

Групата на палестинскиот отпор Хамас денес рече дека се обидела да ги одржи живи израелските заложници во нивниот притвор, но дека биле убиени од израелската армија поради инсистирањето на премиерот Бенјамин Нетанјаху за продолжување на војната во Газа, јавува Анадолу.

При предавањето на телата на четворицата израелски заробеници, Хамас во соопштението истакна дека „ги чувал животите на окупациските затвореници“, им обезбедувал што може и „се однесувавме хумано кон нив, но нивната војска ги уби заедно со нивните чувари“.

„Криминалецот Нетанјаху денес плаче над телата на неговите затвореници што му се вратија во ковчези, во бесрамен обид да ја избегне одговорноста за нивното убиство пред својата публика“, додаде Хамас.

Во обраќањето до семејствата на убиените израелски заробеници, семејствата на Бибас и Лифшиц, Хамас кажа: „Ние сакавме вашите синови да се вратат кај вас живи, но вашата војска и владините лидери избраа да ги убијат наместо да ги вратат.“

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk