Maнчестер сити вчера славеше победа во Лигата на шампионите против Слован Братислава со резултат 4:0 и за „граѓаните“ ова беше прв триумф во елитното европско натпреварување сезонава.
Eден од погодоците за Манчестер сити го постигна и Ерлинг Халанд, кој така само продолжи да биде ефикасен во натпреварите од ова натпреварување.
Халанд вчера стигна до бројката од 42 гола во Лигата на шампионите и до оваа бројка стигна со 41 настап во екипите на Салзбург, Борусија Дортмунд и Манчестер сити.