Home » Хакер го блокирал целиот интернет во Северна Кореја

Хакер го блокирал целиот интернет во Северна Кореја

by Журнал.мк

Американски хакер успеал да ја прекине интернет конекцијата на цела Северна Кореја од својот дом.

Хакерот, кој е познат по името П4-екс, успеал да го сруши интернетот на државата откако самиот бил хакиран од севернокорејски шпиони пред повеќе од една година.

Тој вели дека не бил поддржан од американската Влада за случајот дури ни откако се обратил до Федералното истражно биро (ФБИ). Затоа, одлучил самиот да дејствува.

Хакерот открил повеќе недостатоци и блокирал повеќе централни сервери и рутери. Според него, голем дел од софтверот кој го користи Владата на Северна Кореја е застарен и затоа е лесна цел.

Тој ги блокирал поголемиот дел од интернет-услугите во земјата, но сè уште не се знае какви последици има нападот бидејќи повеќето од жителите воопшто немаат пристап до интернет.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More