Home » Hадлежните најавуваат дека до крајот на следната година ќе биде комплетиран

Hадлежните најавуваат дека до крајот на следната година ќе биде комплетиран

by Журнал.мк

Автопатот Охрид – Кичево треба да се заврши до крајот на следната година кажа денеска вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.

Според него, имало лошо проектираниот зафат за автопатско поврзување чија траса, како што нагласи, минува низ градби од А категорија, од заштитено подрачје на аеродромот во Охрид, преку бензински пумпи, болници, хотели, објекти што не може да бидат подложни на експропријација.

– Ова прашање ќе се решава со законско решение што е во процедура на донесување, легислатива што е веќе усвоена од Владата и наредната седмица ќе биде доставена до Собранието на усвојување – обајсни Николоски

За проблемите со свлечиштата што многупати беа посочувани како причина за одолговлекувањето на проeктот тој рече дека се ангажирани странски експерти, а решенијата што ќе бидат понудени од нив ќе бидат соопштени на јавноста.

Што се однесува на конечната цена на изградбата на автопатот Охрид – Кичево, Николоски рече дека ќе направи се да не се излезе од последната проектирана рамка.

– Токму тоа е причината зошто инсистирам зафатите да се завршуваат во предвидената рамка. Доколку не работите во рамки на рокот тогаш инфлацијата го прави своето и тогаш доаѓа до многу повисока цена од договорената – рече тој.

За дел од договорот со „Бехтел и Енка“ за автопатското поврзување од Требеништа до Ќафасан, Николоски истакна дека за делницата од Подмоље до Струга има стриктни забрани од страна на УНЕСКО за градење во заштитениот дел на Охридското Езеро, каде потенцијално би се наоѓала односната делница.

Тој рече дека наредниот месец ќе има средба на високо ниво со претставници на Министерството за култура, со градоначалникот на Охрид и експерти, посветена на тоа прашање.

– Нема да одиме спротивно препораките на УНЕСКО, стасусот на Регионот е мошне значаен така што ќе се прилагодиме на нивните барања. Дали тоа ќе биде поместување на трасата посеверено, целосно нова траса или отсечка од Подмоље до Струга како сврзница на автопатот, тоа ќе дискутираме. Само тука не сакам да се врзувам со рокови, но уште од летово кога ќе се пушти делницата од Врбјани до Охрид, а следната година целиот автопат, сликата целосно ќе се смени и ќе зборуваме во порелаксирани услови – посочи тој.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk