Манчестер Сити не успеа да дојде до позитивен резултат на соочувањето со Тотенхем и поразот од 2-1 значеше елиминација на екипата од англискиот Лига Куп.
„Граѓаните“ настапија со коомбиниран состав на гостувањето во Лондон, а една од причините за тоа се големиот број на повредени играчи, листа која расте и на која нов член е Савињо кој на носилки беше изнесен од теренот.
Претходно Мануел Аканџи беше повлечен од стартната постава на загревањето што значи дека тренерот Пеп Гвардиола има големи главоболки затоа што недостапни му се играчи како Де Брујне, Воккер, Грилиш, Доку…
– Ние сме 13 играчи, така што е навистина тешко. Мислам дека сме во неволја, бидејќи за девет години никогаш не сме имале ситуација со многу, многу повреди. Во овие ситуации играчите прават чекор напред, тие се повеќе заедно од кога било. Тие ќе се обидат да направат повеќе оваа недела со кратко време за закрепнување, – порача Гвардиола.
Сити до репрезентативната пауза има дуели со Борнмут, Спортинг Лисабон ии Брајтон.