Вулверхемптон го направи најголемото изненадување во седмото коло и успеа да оставри победа над актуелниот англиски шампион, кој мора да се признае дека вчера беше непрепознатлив на „Молину“.
Заслуга за тоа имаат и домаќините кои одиграа речиси перфектен меч кога е поставеноста во прашање, но извонредно добри беа и при реализацијата на своите стопроцентни шанси.
Голот за одлука го постигна Кореецот Хи-Чанг Хван во 66-та минута, а токму напаѓачот на Вулвс се најде во првп план поради изјавата на Пеп Гардиола пред натпреварот.
Шпанскиот стручњак посебно ги пофали офанзивците на домаќинот, но во набројувањето на фудбалерите, подзаборави како се вика Хван и го нарече „корејското момче“.
Еден ден подоцна, токму Хван го постигна голот за победа, а „волците“ се јавија со твит во кои се повторени зборовите на Пеп.
https://x.com/FootballReprt/status/1707797325056299135?s=20
https://x.com/Wolves/status/1708141430617559410?s=20