Home » Гувернерот на Калифорнија го покани Трамп да ја види штетата од пожарите на лице место

Гувернерот на Калифорнија го покани Трамп да ја види штетата од пожарите на лице место

by Журнал.мк

Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом го покани новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Калифорнија за да ја испита штетата предизвикана од смртоносните шумски пожари во округот Лос Анџелес.

Во писмото, Њусом побара од Трамп да му се придружи на средбата со жртвите и пожарникарите и потсети на федералната помош што веќе беше доделена од администрацијата на актуелниот претседател Џозеф Бајден. Писмото дојде откако Трамп ги обвини гувернерот и претставниците на Лос Анџелес за природните катастрофи, тврдејќи дека тие донеле одлуки што ја влошиле кризата, пренесува NBC News.

„Додека се подготвувате да ја превземете функцијата, ве поканувам да дојдете во Калифорнија, да се сретнете со Американците погодени од овие пожари, да го видите уништувањето од прва рака и да ми се придружите на мене и на другите во заблагодарувањето на херојските пожарникари и првите реагирачи кои ги ставаат своите животи на линија. Во духот на оваа голема земја, не смееме да политизираме човечка трагедија или да шириме дезинформации од страна“, напиша Њусом во објавата на социјалните мрежи.

Во петокот Трамп повторно го обвини гувернерот на Калифорнија Њусом за ширењето на пожарите во државата и го повика да поднесе оставка.

„Еден од најдобрите и најубавите делови на Соединетите Американски Држави гори до темел. (Јужна Калифорнија) се претвора во пепел, а Гевин Њусом треба да поднесе оставка“, напиша Трамп на својата платформа за социјалните мрежи Truth Social. Тој додаде дека гувернерот на Калифорнија е „виновен за се“.

Трамп го обвини Њусом што не потпишал наредба за полнење на резервоари за складирање вода, што според него ќе помогне во одговорот на пожарите што беснеат во областа.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk