Легендарното собирање на фановите на „GTI“ ќе опстане. Откако локалните власти одлучиле да го откажат домаќинството на „Wörthersee Tour“ и со тоа ги разочарале стотиците илјади фанови кои секоја година го посетувале, во приказната активно се вклучи „Volkswagen“.
На веста многу брзо реагирале со жалење и надеж дека традицијата сепак ќе продолжи. Тоа и ќе се случи, бидејќи „Volkswagen“ во близина на својата фабрика во Волфсбург ќе ја организира манифестацијата „GTI Coming Home“.
За жал, оваа година нема да има ништо, но веќе следната година ќе биде организиран собирот на фановите на „Volkswagen“.
„Нашите фанови на „GTI“ се од голема важност за „Volkswagen“ и затоа комуникацијата со нив ни е многу важна“, вели Имелда Лабе, членка на Управата за продажба, маркетинг и постпродажба во „Volkswagen“.
Од „Volkswagen“ велат дека по веста за откажувањето на „GTI Meeting“-от на езерото Вуртерзее одлучиле брзо да реагираат и да им понудат на своите фанови заменско решение. И притоа поддршката ќе биде веројатно и поголема. „Складно на тоа, сигурно ќе можеме да понудиме некои изненадувања во годините кои доаѓаат“, порачала Лабе.
„Volkswagen“ досега на австриското езеро знаел да изненади со новитети како што се „T-Roc R“, „Golf GTI cabrio“ и „GTI W 12-650“. Се претпоставувало дека оваа година ќе го претстави концептот „ID. 2 GTI“.
Потсетуваме, на првиот собир во 1982-ра година имало стотина посетители, додека во последните години пред пандемијата таа бројка достигнувала и до 200.000.