Home » Груевски: Никогаш не мислев дека мораше да го смениме името

Груевски: Никогаш не мислев дека мораше да го смениме името

by Журнал.мк

По изјавите на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, дека ако во 2018 година не бил потпишан Преспанскиот договор, сега ќе имало притисок врз Грција да ја признае Република Македонија под тоа име, на социјалните мрежи се огласи поранешниот македонски премиер – Никола Груевски.

Тој напиша дека никогаш не бил за промена на името, и дека се покажало точно неговото тврдење.

„Многу луѓе говореа дека сме немале друг избор освен да го прифатиме грчкиот предлог за промена на името, историјата и идентитетот. Јас никогаш не мислев така.

Деновиве грчкиот премиер Ципрас во чие време македонската влада предводена од Заев го смени името, идентитетот и историјата под грчки диктат, објави дека сепак не бил единствениот избор да го прифатиме тоа што З. Заев и Н. Димитров ни го сервираа како единствен излез и заради што го направија најголемиот политички прогон во историјата на Република Македонија.

Самиот Ципрас кажа дека ако не ни го смениле името тогаш сега веќе ќе морале да не прифатат во НАТО под тогашното уставно име Република Македонија“, напиша Груевски на Фејсбук.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More