Home » ГРОМ: Кој дозволил дискотеката „Пулс“ да работи и покрај пломба на вратата и блокирана сметка?

ГРОМ: Кој дозволил дискотеката „Пулс“ да работи и покрај пломба на вратата и блокирана сметка?

by Журнал.мк

Изминаа седум траорни денови од погибието на 59-те млади луѓе и повеќе од 150-те повредени во ужасниот пожар во Кочани.

Покрај земјотресот 1963 година и двете авионски несреќи, ова е најголемата катастрофа која се случи од 1945 година па наваму, благодарение на човечката неодговорност и нефункционирањето на институциите на системот.

Додека цела Македонија тагува, а заедно со нас и регионот и целиот Свет, сведоци сме на груба политизација на овој настан и тоа од никој друг, туку од најодговорноиот, а тоа е актуелната владејачка гарнитура.

Секојдневно ја замајуваат јавноста со непотребни прес конференции, спектакуларни апсења, обидувајќи се себе од виновници да се претстават како спасители на народот. И замислете, токму тие апелираат да нема политизација на овој случај, а напротив, истите го прават спротивното.

Со притварање на цела Чета виновници и барање на вина низ историјата, низ годиниве наназад, а не гледајќи вина во денешниве припадници на власта е само невешт политички маневар за истрагата да се оттргне далеку од нивната одговорност.

За Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ, ден „Д“ од каде треба да се насочи истрагата е 21.12.2024 година. Тоа е денот кога официјален државен орган, Управата за Jавни Приходи, на овој објект му ставила пломба и го затворила. Воопшто не е битно дали тоа била УЈП, ДЗС, ЦУК, Пазарна инспекција или Полиција. Важно е дека официјален надлежен државен орган издал наредба за забрана за работа на овој објект.

Клучно прашање на кое што треба да одговори истрагата е кој го отвори објектот? Кој дозволи да биде отворен објектот? И на крај, со чии политички амин ова незаконито дејствие е истолерирано?

Фактот што дискотеката Пулс до денес се уште има блокирана сметка кажува дека и во моментов овој објект би требало да биде пломбиран. И доколку оваа одлука се почитувала, а надлежните во УЈП, Полицијата и Пазарната инспекција се потрудиле истата одлука да биде спроведена, 59-те млади луѓе денеска ќе беа живи и ниту еден немаше да биде повреден.

Затоа бараме од Јавното обвинителство да не подлегнува на политичките маневри на власта туку ласерот на истрагата да го насочи во вистинска насока и одговорноста да се бара од сегашниот, а не од ланскиот снег.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk