Home » Грковска: Законот за рестриктивни мерки ги извади на површина сите што по цена на своето достоинство повеќе ги бранат криминалците, отколку јавниот интерес

Грковска: Законот за рестриктивни мерки ги извади на површина сите што по цена на своето достоинство повеќе ги бранат криминалците, отколку јавниот интерес

by Журнал

Во денешното интервју за Слободен печат, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска се осврна на предлог измените на Законот за рестриктивни мерки. „Една од најдобрите работи која произлезе од покренувањето на оваа иницијатива е што ќе се види колку навистина оние кои се за борба против корупцијата и организираниот криминал се искрени во тоа, а колку е тоа само флоскула. И ова ги извади на површина сите оние кои што се спремни и по цена на своето достоинство да ги бранат повеќе криминалците, отколку јавниот интерес и интересот на сите граѓани“.

Грковска нагласи дека наспроти шпекулациите во јавноста, оваа иницијатива не е поврзана со конкретни имиња, туку таа се покрена поради, како што рече, чудната леснотија на неодговорност и игнорирање од страна на нашите обвинителски и судски органи, иако изречените санкции се базираат на докази, кои се обезбедени од страна и на нашите институции. Вицепремиерката појасни дека овој предлог во суштина треба да овозможи, штом ќе се појават нови лица или компании на листата на санкции на САД, нашите институции да достават предлог до Владата, да се усвои таа листа, а обвинителството ќе мора да почне да постапува.

„Ако имате стратешко партнерство со САД, и ако дел од тоа партнерство се однесува на борба против корупцијата и криминалот, тогаш е недозволиво во една таква ситуација да ги игнорирате напорите на нашите партнери и да ги доведете во ситуација тие да доставуваат барања до нашите органи“, изјави Грковска, истакнувајќи дека историски гледано, САД секогаш недвосмислено не поддржувале и ни помагале за постигнување на стратешките цели и интереси на нашата држава и народ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk